All for Joomla All for Webmasters

vidovi sauni

ФИНСКА САУНА
Финската сауна претставува сува сауна со температура од 80 до 110 *С и влажност на воздухот до 10%. Во овие сауни вулканските камења ја акумулираат топлината, а комбинацијата од мирис на дрво и билни ароми даваат неповторливо чуство на релаксација и уживање. Комбинацијата од топол воздух во сауна и нагло ладење на телото преку ладен туш или мраз, силно го стимулираат имунитетот и кардио-васкуларниот систем. Димензиите за изведба на овој тип на сауни се произволни. Ние можеме да изведеме сауна во секој ваш слободен простор. Минималната димзензија на просторот во кој може да се изведе сауна е 1м2 ( т.е простор од метар на метар). За загревање на сауната и нејзино користење се потребни минимум 35 минути доколку изборот на печката за загревање на сауната е правилно направен и оптимелен за димензиите на сауната.
Како под-типови на финската сауна се јавуваат
Биосауната - сауна која се користи на температура од  околу 65°-75°С,  
Билкова сауна – која исто работи на по-ниска температура, и во која над самата печка за загревање е поставен сад со вода и суви билки, при што од испарувањето на оваа смеса корисниците на сауната истовремено го чуствуваат благо пријатното дејство на сауната и инхалацијата со ароматични билки.
Во рамките на една сауна може да се прават и  хромо-терапии , ароматерапија или хало терапија со дополнително вградување на специјално светло во боја, систем за арома терапија или изведба на панел или цел ѕид од сауната од тули од хималајска сол.

sauna1


ИНФРА-ЦРВЕНА САУНА
Медицинските испитувања покажуваат дека процедурите со IR C (5.6-15µ) кој се емитираат во инфра црвената топлина во инфра ред сауните имаат одличен терапевтски ефект и се нај безопасниот начин на загревање на телото.
Вградените инфра-црвени греачи во овој тип на сауна овозможуваат пријатно загревање на телото без изложување на високи температури. Температурата во овој тип на сауни е до 50*С и истата гарантира пријатен престој, опуштање на маускулите, вкочанетите злобови, зголемена крв на циркулација и согорување на калории. Има одличен ефект врз алергиски заблувања, акни екземи и намалување на целулитот. Користењето на инфра ред сауна помага при висок крвен притисок, мускулна напнатост, настинки, бронхити, тонзили, астма, воспаление на уши, грло, нос, ги намалуваат болките предизвикани од артрит или реума, ја подобруваат работата на бубрезите, го намалуваат целулитот и ја ревитализираат кожата.
   
Инфра-црвениот систем може да биде вграден и како надоградба во секоја Финска сауна.
Пријатната клима/ температура во инфра ред сауната, дозволувааат нивно секојдневно користење од страна на возрасни луге и деца, како и луге кој имаат здравствени проблеми со срцето и крвните садови.

Style Selector

Layout Style

Predefined Colors

Background Image