изведба на сауната
Секој слободен простор како што е бања која ретко се употребува, плакар, поткровје, простор под скалите може да биде претворен во сауна т.е место за ваша релаксација и уживање.
Изведбата на сауната е возможна во најразлични форми и димензии. Во зависност од нивото на опременост и луксуз, суната може да биде изведена од повеке типови на дрво: финска смрека , бел бор, кедар, старо патинирано дабово дрво, африканско меко дрво абачи, хемлок или маретијал за PlySauna –плочест материјал за изведба на сауни со неограничен избор на бои и дезени.. Секој од овие типови на дрвен материјал за сауна е доволно добар, со сопствени карактеристики и особености, но најбитно од се тоа се материјали кој претходно се обработени и наменети за изведба на сауна. Тие се со ниско ниво на смола во нив како и ниско ниво на влага (под 3%) што им овозможува долготрајна трајност иако се изложени на високата температура во сауната.
![]() |
Сауните се двојно термички изолирани ( минерална термичка изолација + алуминиумска фолија) од останатиот простор со цел задржување на топлината и заштеда на електрична енергија. Сауните се комплетно опремени со сите неопходни елементи и акцесоари како: електрична печка со вулкански камења, ведро со црпалка, ароматизер, песочен часовник, термо-хидро метар. Целосно стаклената врата, стаклените површини и каменот ке дадат дополнителен луксуз на вашата сауна. ДОДАЈТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ ВО ВАШИОТ ДОМ
![]() |
Електричната печка за сауна е срцето на сауната. Нашата компанија работи со производите на финскиот производител HARVIA, компанија која има долго годишно искуство во проектирањето и производството на високо квалитетни печки за сауна, уреди за нивно контролирање, материјали за производство на сауни ( домашни или за јавна намена) како и акцесоари за сауни.
Јачината на самата печка за сауна е во зависност од големината т.е волуменот на воздухот кој треба да се загрее во сауната. За домашни сауни како и за сауни кој се со јавна намена но не се со големи димензии, се користат печки кој имаат јачина од 3,5kw до 9kw. Управувањето со печките за сауна е возможно на два начина. Едниот начин е управување преку вградените команди во самата печка за сауна, преку кој е воможно избот на време на работа на сауната, одложено вклучување на сауната, како и избор на температура на работа на сауната. Овој тип на управување со печката за сауна е наменет повеќе за домашни сауни. Доколку сакате поголем комфорт во управувањето со сауната ( печка, температура на работа, осветлување) во тој случај се користат надворешните аналогни и дигитални контролори со различен дизајн и јачина која зависи од јачината на печката за сауна.
3,5 kW - за сауна со волумен на воздух од 2-4,5 m³
4,5 kW - за сауна со волумен на воздух од 3-6 m³
6,0 kW - за сауна со волумен на воздух од 5-9 m³
8,0 kW - за сауна со волумен на воздух од 7-12 m³
9,0 kW - за сауна со волумен на воздух од 8 - 14 m³
За сауни со поголеми димензии и волумен на воздух се користат специјални печки наменети за непрекината работа кој се со јачина од 10,5kw до 33 kw.
![]() |
Стаклените врати за сауни се изработени од 8мм калено стакло, со две или три шатки од нергосувачки челик, дрвена или пласт-масова рачка и боја на стакло по избор на клиентот. Касата е изработена од бел бор (или од тиково дрво кај парните бањи) и истата е со димензии 1910 х 710мм. Како фирма со долгогодишно искуство во изведба на сауни, можеме на нашите клиенти да им понудиме и сауни со целосно стаклен преден панел, како и сауни кој имаат одредени стаклени елементи ( прозори, панели ) кој даваат дополнителна светлина, уникатност и индивидуалност на сауната.
![]() |
Процесот на изведбата на сауната започнува со земање на мерки од просторот, изведба на шема за возможниот распоред на клупите и печката во сауната, дефинирање на материјалите за изработка и започнување со изведба на сауната.
Од моментот на земени мерки од просторот до изведба на сауната во истиот тој простор, нам ни се потребни максимум седум до десет дена.