Парната бања е просторија со умерана температура од 40-45Ц и висока влажност на воздухот од 90-100%. Таа е дел од класичната римска култура на капење и се состои од просторија во која загреаните ѕидови под и седалки зрачат една рамномерна топлина. Големата количина на пареа во комбинација со ароматичните масла ги стимулираат дишните патишта, го релаксираат телото и духот, ја опуштаат мускулатурата и го подобруваат снабдувањето на кожата со крв.
Користењето на парната банња е пријатен начин за релаксирање и подобрување на имунитетниот систем. Корисна е за сите возрасти и помага за контролирање на крвниот притисок и прочистување на дишните патишта.
![]() |
Изведба на парната бања
Денешните модерни парни бањи се изработуваат од елементи од екструдиран полистирен (тврдо пресуван стиропор). Самата просторија најпрвин добро термички се изолира, како би се спречило губењето на топлина. Се поставуваат анатомските седалки и лежалки и во нив се инсталира греење за што попријатен престој во парната бања или амамот.
Со цел да се спречи капењето на создадениот кондензат од пареата во парните бањи и амами се изведуваат полукружни тавани или куполи. Вграденото во нив осветлување е ледово или халогенско но е ниско волтажно и во комбинација со ѕвезденото небо прави едно мистично и уникатно доживување.
Пред завршното обликување на парната бања со избраниот материјал ( мозаик плочки или мермер) целокупната просторија се хидро изолира и се монтира врата за парна бања која поради високата количина на влага во просторијата треаба да биде изработена во тикова или алуминиумска рамка.
Монтажата на парогенераторот, системот за омекнување на водата и системот за арома терапија се врши во просторија или место кое е надвор од парната бања и во кое е потребно да се доведе довод на вода (3/4”) и одвод на вода (ф50) како и струја со пресек на кабел од минимум 5х2,5мм до 5х6мм зависно од големината на парната бања и големината на потребниот генератор за пареа.
|