Да имате сауна во домот во зимскиот период е исто и како базен во вашиот двор преку летото.
општа информација
САУНА претставува просторија обложена со меко дрво, загревана преку сув извор на енергија - електрична печка или специјална печка на дрва. Сауната е место за опуштање и регенерација. Престојот во сауната овозможува подобро функционирање на кардио васкуларниот систем, намалување на напнатоста на умот и телото и разубавување кожата , а комбинирана со редовни физички активности и здрава диета помага во согорувањето на калориите и намалувањето на телесната тежина. Особено е полезна за оние лица кој страдаат од заболувања како артрит, главоболка и мигрена. Топлината во самата сауна потпомага во излачувањето на ендорфин во телото кој пак ги намалува ефектите од стресот и допринесува за опуштање на телото и подобар и подлабок сон.
Редовното користење на сауна го зајакнува имунитетот на човекот. Топлиот воздух во сауната ја зголемува температурата на кожата со околу 10*Ц и општата телесна температура со околу 3*Ц со што се предизвикува вештака “треска” која помага да се справиме со несаканите бактерии и вируси и го стимулира имунитетниот систем што повеке да произведува бели крвни тела, чие што зголемување води до зголемување на имунитетниот систем на организмот
Сауната не е просто луксуз, туку неопходност во современиот динамичен и брз свет.
Некој работи кој треба да ги знаете пред да користите сауна:
Во сауната се претстојува временски (и на температура) колку што вам ви е пријатно, но не повеке од 15 минути во една сауна сесија (максимум 3 сесии), по што следува одмор од 20-30 минути помегу сесиите и конзумација на течности.
при 15 минутен престој во сауната човек губи мегу 0.5 и 1.50 литра вода и затоа е од суштинско значење конзумацијата на многу течност пред и по користењето на сауната.
Препорачано е да не се конзумира храна барем еден часпред користењето на сауната како еден час по користењето на сауната.
Не се препорачува користење на сауна ако имате отворена рана или ако имате температура.
Сауната, не се препорачува и за бременни жени, деца или возрастни луге, како и за луге кој страдаат от пневмонија или други респираторни заболувања како што е астмата
Сауната го зголемува пулсот и може да доведе до зголемување на крвниот притисок, затоа нашите специалисти препорачуваат лугето со висок крвен притисок или болести на срцето да се консултираат со лекар пред користењето на сауна.
Ладниот туш е исклучително полезен по користењето на сауната, по што е препорачливо краток одмор од 20-30 мин пред повторно да се влезе во сауната.
Што треба да се подготви пред да се монтира сауната на избраната позиција:
Ако сауната е внатрешна т.е една просторија се преуредува во сауна, ѕидовите на просторијата треба да бидат измалтарени.
Подот е препорачливо да биде завршен со плочки – за полесно одржување на хигената. Но доколку подот е веќе изведен во паркет или ламинат истот не е некоја посебна пречка за изведба на сауната
Трофазна струја се препорачува за електричните печки. Печки од3,5 до 4,5kW можат да се поврзат и на монофазна струја (3х4мм или 3х6мм), но за печките од 6-9кв потребна е трфазна струја со пресек на кабел од 5х2,5мм до 5х4мм.
За домашни сауни вентилација не е потребна, додека за јавни сауни кој се во рамки на хотели, фитнес и спа центри, вентилацијата е препорачлива.